Sinan Doğan, Muhammed Emin Canik
06 Октомври 2021•Ажурирај: 07 Октомври 2021
БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за смртта на голем број човечки животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 677 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 598.829.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 20.528, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 21.499.074.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 20.488.785 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 790 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 7.682 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 279.894 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 3.691.924. Досега во оваа земја оздравеа 3.051.093 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 40 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 115.323. Во истиот период детектирани се 1.216 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 5.261.935.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 5.126.085 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на деветтото место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 30 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 126.455.
Во последното деноноќие детектирани се 1.211 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.964.454. Во оваа земја досега оздравеа 4.807.507 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 12 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 508 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.180.149, од кои животот го загубија 199.520 лица, а оздравеа над 2.157.65 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на 6. место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а на 21. место според бројката на лица позитивни на коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 34 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 330 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 368.654, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 9.913 лица, а оздравеа 111.654 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.