БУЕНОС АИРЕС
Земјите од Латинска Америка се соочуваат со голем број заразени и смртни случаи во вториот бран на пандемијата на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), известува Агенција Анадолија (АА).
Пандемијата на Ковид-19 во последните 24 часа одзеде 921 животи во Бразил, 635 во Мексико, 262 во Аргентина, 160 во Колумбија, 71 во Перу, 39 во Чиле и 20 во Еквадор.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 921 заразени во земјата, зголемувајќи го вкупниот број на смртни случаи во земјата на 165.658. Во истиот период детектирани се 38.307 новозаразени, вкупно 5.848.959 од почетокот на пандемијата во оваа земја.
Бројката на оздравени лица во Бразил изнесува 5.291.511.
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 635 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 5.860 новозаразени.
Досега во оваа земја се регистрирани 98.259 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.003.253. Во оваа земја досега оздравеа 745.361 лица заразени со Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 11. место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 262 лица од последици предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се зголеми на 35.307. Во истиот период се детектирани 8.468 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.304.846.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.119.366 лица заразени со коронавирусот.
Рестриктивните мерки што во Аргентина се воведени на 20 март, со текот на времето почнаа постепено да се олабавуваат, но поради повторното зголемување на бројката на заразени карантинот во одредени подрачја на 10 покраини е продолжен до 29 ноември.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 8. место во светот.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 160 лица, со што вкупниот број смртни случаи се зголеми на 33.829.
Во последните 24 часа детектирани се 8.307 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени со вирусот изнесува 1.191.004. Во оваа земја досега оздравеа 1.097.576 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е деветта земја во светот според бројот на заразени со Ковид-19.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 71 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.042 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени изнесува 934.899, бројката на починати е 35.177, а бројката на оздравени лица се зголеми на 861.017.
Перу, со популација од околу 32 милиони жители, се наоѓа на 12. место во светот според бројката на заразени со коронавирусот и по бројот на смртни случаи како последица на вирусот.
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека последните 24 часа од последици на заразеност со коронавирус животот го загубиле 39 лица, со што вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата досега се зголеми на 14.777.
Бројката на новозаразени со Ковид-19 изнесува 1.592, вкупно 529.676 лица од почетокот на пандемијата, а бројката на оздравени од вирусот достигна 505.243.
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, последните 24 часа во земјата се регистрирани 20 смртни случаи, вкупно 12.997 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 1.161 новозаразен, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 на 179.627. Досега во Еквадор оздравеа 154.956 кои биле позитивни на коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact
