İslam Uddin
20 Јануари 2020•Ажурирај: 21 Јануари 2020
ПАКИСТАН (АА) - Јужнокорејските власти денеска го потврдија првиот случај на новооткриениот коронавирус, кој претходно се појави во Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Неговата појава предизвика загриженост дека вирусот кој предизвикува симптоми кои наликуваат на пневмонија, се шири низ Азија, јавува новинската агенција „Јонхап“.
Локалните здравствени власти соопштија дека минатата недела, жена која патувала во кинескиот град Вухан, добила температура, респираторни проблеми и други симптоми откако пристигнала на меѓународниот аеродром „Инчеон“ и била позитивна на вирусот.
„Пациентката е хоспитализирана и во моментот се наоѓа во локалната болница на лекување“, јавува Корејскиот центар за контрола и превенција на болести.
Официјален Пекинг соопшти дека коронавирусот не е заразен, но Светската здравствена организација (СЗО) не ја отфрла можноста за пренос на заразата од лице на лице.
Покрај Кина и Јужна Кореја, и Јапонија и Тајланд исто така пријавија три случаи на појава на вирусот.