Khalid Mejdoup,Gülşen Topçu
29 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
РАБАТ (АА) - Во Мароко почина едно бебе кое беше заразени со новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите добиени од здравствени извори, почина 17-месечно бебе кое со коронавирус било заразено од неговата мајка.
Пред да почине, бебето било тестирано, и било позитивно на Ковид-19.
Мајката на бебето е задржана во карантин во Универзитетската болница која се наоѓа во едно место во источниот дел на земјата.
Од друга страна, во соопштението на интернет страницата за коронавирус при Министерството за здравство на Мароко се наведува дека бројот на случаи во земјата се искачи на 450 лица.
Последно беше соопштено дека во земјата починале 26 лица од Ковид-19.