Mehmet Akif Turan
14 Мај 2016•Ажурирај: 15 Мај 2016
СУВЕЈРА (АА) - Започна 19-от по ред "Gnawa Музички фестивал“, кој се одржува во градот Сувејра, во јужен Мароко, пренесува Anadoly Agency (AA).
На отворањето на фестивалот, кој буди се поголем интерес кај народот, во центарот на градот беше организиран музички карневал.На карневалот во чест на отворањето, свое учество со танцовни изведби зазедоа домашни, како и групи од странство. Изведбите на народните традиционални Берберски танци “Исаве“, “Ахваш“, збогатени со народната суфи музика “Гнава“, од групите учеснички, привлекоа големи овации и симпатии од присутните.
Учесниците на карневалскиот конвој, кој започна од античкиот град Баб Декале,врз кој бил основан градот Сувејра, возвратија со силни аплаузи и танцување.
Музиката “Гнава“, носи корени од суб-сахарските племина во Африка, продуцирана на музички инструмент од жица “Ал-Канбер“, пропратен со бакарно ѕвонче, и се смета за дел од традиционалната суфи музика. Градот Сувејра го посетуваат многу луѓе од соседните држави на Мароко, како и од земјите каде живеат Берберите, и истиот претставува дел од Светското наследство под заштита на УНЕСКО.
Фестивалот, на кој ќе бидат претставени 50 музички и танцовни настапи во 20 сали и плоштади, ќе се одвива до 15ти мај.