Büşra Selvi Öğütcen
03 Август 2020•Ажурирај: 04 Август 2020
АНКАРА
Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Мексико животот го загубија 274 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последнoто деноноќие од коронавирусот починале уште 274 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 47.746.
Во Мексико во последните 24 часа се откриени уште 4.853 нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на детектирани случаи во земјата порасна на 439.046.
Досега во земјата оздравеа 289.394 лица.
Првиот случај со Ковид-19 во Мексико е регистриран на 28 февруари, а првиот смртен случај на 19 март.