Muhammed Emin Canik
20 Ноември 2020•Ажурирај: 21 Ноември 2020
БУЕНОС АИРЕС
Бројот на починати од последиците на Ковид-19 во Мексико надмина 100.000, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 во Мексико од Ковид-19 починаа уште 576 лица, со што вкуниот број на починати од Ковид-19 во таа земја достигна бројка од 100.004 лица.
Исто така, по САД, Индија и Бразил, Мексико стана четврта држава во светот со повеќе од 100.000 починати од Ковид-19.
Истовремено, во Мексико во последните 24 часа се забележани и 4.472 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 19.543.
Во Мексико кој има 126 милиони жители, до сега од Ковид-19 се излекуваа 766.361 лица.