Burcu Çalık Göçümlü
29 Јуни 2021•Ажурирај: 30 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за здравство на Турција соопшти дека како дел од борбата против Ковид-19, бројот на лица што примиле две дози од вакцината во земјата надминал 15 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турција интензивно ја продолжува својата програма за вакцинација.
Како дел од „Националната стратегија за имплементација на вакцините против Ковид-19“, и лицата со над 18 години можат да се пријавуваат за вакцинација.
Од друга страна, услугите за вакцинација се нудат и во областите каде што има голем проток на народ, како што се трговски центри, аеродроми, железнички и автобуски станици.
Граѓаните можат да избираат меѓу вакцините „Синовак“ и „БајоНтек“.
Според податоците на Министерството за здравство на Турција објавени на „covid19asi.saglik.gov.tr“, бројот на лица што ја примиле првата доза од вакцината е 33.865.886, а бројот на лица што ја примиле и втората дозата е 15.000.127, заклучно со 14:23 часот на 29 јуни. Така што, вкупната количина аплицирани дози изнесува 48.866.013.