Furkan Abdula
26 Април 2022•Ажурирај: 27 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 21 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 309.229, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавено е едно починато лице од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.277.
Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 299.391.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 561.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 893 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.012.168 тестирања.