Recep Şakar
04 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
МЕЛБУРН (АА) - Во Нов Зеланд од новиот тип коронавиус, Ковид-19, заразени се 950 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на Одделот за јавно здравје при Министерството за здравство, Ешли Блумфилд, истакна дека од појавата на вирусот во земјата тестирани се речиси 33.000 луѓе.
Наведувајќи дека бројот на заразени со коронавирусот во Нов Зеланд во моментов изнесува 950, Блумфилд рече дека 10 заразени се хоспитализирани, додека 127 лица се излекувани.
Блумфилд порача дека преземените мерки придонеле во намалувањето на бројот на заразени лица.
„Ова е охрабрувачки, но сакам овој пад да се бележи и во наредните денови“, рече Блумфилд.
Властите на Нов Зеланд на 25 март прогласија вонредна состојба и воведоа едномесечно ограничување на движењето.