Ekipa
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
МЕЛБУРН (АА) - Цунами го погоди североисточниот брег на Јужниот Остров на Нов Зеланд по силниот земјотрес што погоди неколку градови ширум земјата, вклучувајќи го и главниот град Велингтон сè до Оукленд на север, јавува Anadolu Agency (AA).
Цивилната одбрана на Нов Зеланд на Твитер предупреди дека брановите би можеле да продолжат неколку часа.
Од Геолошкиот институт на САД објавија дека земјотрес со магнитуда од 7,4 степени го погодил подрачјето 93 километри северозападно од Крајстчрч, најголемиот град на Јужниот Остров, по полноќ. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри.
Предупредувачкиот центар за цунами на Пацификот не издаде предупредување за цунами.
Од цивилната одбрана на земјата ги предупредија жителите на крајбрежниот дел од Јужниот Остров да се засолнат на повисоки места и предупредија оти цунамито би можело да стигне и до Северниот Остров.
„Њу Зеланд Хералд“ објави дека сирени се слушале во Велингтон, каде што жителите испаничени трчале низ улиците. Според полициски извори, пристапот на помошта за итни состојби е прекината по втор пат по земјотресот.
Нов Зеланд се наоѓа во т.н „Огнен прстен“, област во Тихиот Океан каде што се случуваат чести земјотреси и вулкански ерупции.