Muhammed Emin Canik
28 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Индија починаа 654 лица, во Бразил 614, а во Мексико 342, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 645 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 33.425.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 47.704 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 1.483.157.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 952.744 лица.
- Бразил -
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 614 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 87.618 лицa.
Во земјата се откриени уште 23.284 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 2.442.375.
Бројот на излекувани лица од овој вирус изнесува 1.667.667.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Мексико -
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 342 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 44.022.
Во Мексико се откриени уште 4.973 нови случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 395.489.
Досега во земјата излекувани се 256.777 лица.
Во Мексико првиот случај на Ковид-19 е откриен на 28 февруари, а првиот смртен случај е евидентиран на 19 март.