Islam Uddin
28 Јули 2020•Ажурирај: 29 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Поранешниот малезиски премиер, Наџиб Резак, денес е прогласен за виновен по сите седум точки од обвинението во судскиот процес за повеќемилионска корупција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што јави државната новинска агенција „Бернама“, судијата на Врховниот суд, Мохд Назлан Мохд Газали, ја соопштил пресудата, велејќи дека Обвинителството успешно ги докажало сите обвиненија против Наџиб.
„Затоа, обвинетиот го сметам за виновен и го осудувам обвинетиот по сите седум обвиненија“, изјави судијата, пренесе „Бернама“.
Наџиб (67) се соочи со три обвиненија за кривично кршење на довербата, едно обвинение за злоупотреба на службената должност и три обвиненија за перење пари.
Минатиот февруари тој се изјасни за невин во однос на сите обвиненија, во кои се наведува дека 42 милиони малезиски рингити (14 милиони долари) државни пари се украдени од „1Malaysia Development Berhad“ (1MDB), компанија за стратешки развој, и пренесени на Наџиб и други луѓе поврзани со него.