Gülşen Topçu
09 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
АДЕН (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека во Јемен 25 отсто од лицата заразени со новиот вид коронавирус, Ковид-19, починале, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Канцеларијата за координација на хуманитарната помош на ОН во Јемен (OCHA) се истакнува дека од 10 април до минатата сабота (6 јуни) во земјата се регистрирани 486 случаи со Ковид-19, од нив 112 починале како последица на вирусот.
Наведено е дека стапката на смртност од 24,77 отсто е алармантна и дека 75 отсто од дијагностицираните случаи се мажи на возраст од 45 до 59 години.
Се истакнува дека во градот Аден се регистрирани 130 случаи со Ковид-19, додека во градот Хадрамевт 126.
Извештаите покажуваат дека стотици луѓе во земјата починале со симптоми слични на Ковид-19.