Dilara Zengin
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Обединетите нации (ОН) предвидоа дека глобалната економија годинава ќе се намали за 3,2 проценти поради новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
ОН го објави Извештајот за економски статус и перспективи во светот што ја опфаќа втората половина на 2020 година.
Во извештајот се предвидува дека глобалната економија ќе се намали за 3,2 проценти оваа година, како резултат на епидемијата на Ковид-19.
Укажувајќи дека падот во економијата ќе биде најголема досега од Големата депресија во 1930-те години, во извештајот се нагласува дека глобалната економија ќе изгуби приближно 8.5 билиони долари во 2020 и 2021 година.
-Ковид-19 ќе доведе до екстремна сиромаштија на 34 милиони луѓе -
Во извештајот на Обединетите нации се предвидува дека развиените економии ќе се намалат за 5 проценти оваа година и за 3,4 проценти во 2021 година. Исто така се проценува дека економиите во развој оваа година ќе се намалат за 0,7 проценти, а во 2021 година ќе се зголемат за 5,3 проценти.
Според извештајот се потенцира дека во глобалната побарувачка ќе има нагло опаѓање и дека се појавени влошувања во ланецот на снабдувања. Меѓу другото се проценува дека меѓународната трговија оваа година ќе се намали за 15 проценти.
Епидемијата Ковид-19, како што се наведува во извештајот на ОН, ќе ја зголеми сиромаштијата и нееднаквоста на приходите и дека оваа година 34,3 милиони луѓе ќе паднат во екстремна сиромаштија.
Според Обединетите нации, 56 проценти од зголемувањето на сиромаштијата ќе се случи во африканските земји.