Bayram Altuğ
16 Март 2017•Ажурирај: 17 Март 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Анџелина Џоли, оскаровка и амбасадор на добрата волја на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), изјави дека Обединетите нации ќе се променат доколку се променат политиките на државите и додаде: „ОН има недостатоци бидејќи ние имаме недостатоци. Таа не е поразлична од нас“, јавува Anadolu Agency (AA).
Во канцеларијата на ОН во Женева, Џоли беше гостинка на годишната конференција на фондацијата „Серхио Виеира де Мело“, а во поголем дел од своето обраќање таа упати критики кон Обединетите нации.
Американската актерка истакна дека граѓанската војна во Сирија, која влезе во 7. година од почетокот, ја предизвика најголемата бегалска криза во светот од формирањето на ОН, додека во Јемен, Сомалија, Јужен Судан и во североисточниот дел на Нигерија, повеќе од 20 милиони лица се во опасност да починат од глад.
Џоли посочи дека хуманитарната помош што се доставува во различни делови од светот, не задоволува ни половина од потребното количество храна, и додаде дека причината за тоа е бидејќи меѓународната заедница нема моќен лидер.
„ОН не е држава. Таа претставува место каде што народите и луѓето се собираат на едно место со цел да се решат нашите разлики и се обидуваат обединувајќи се, да спроведат заеднички акции“, рече Џоли и додаде дека глобалните проблеми и неизвесноста се влошуваат.
- „Никој не вели дека ОН се совршени“ -
Џоли упати апел за реформи во ОН,и истакна дека е треба да се практикува интензивна дипломатија и преговори за решавање на меѓународните проблеми.
„Никој не вели дека ОН се совршени. Всушност и не е така. Потребно е постојано да потсетуваме зошто е формирана ОН и зошто има потреба од неа, преземајќи сериозна одговорност врз себе. ОН е организација што има недостатоци бидејќи и ние самите имаме недостатоци. Таа не е поразлична од нас. Обединетите нации ќе се променат доколку се променат политиките на државите. Како граѓани, ние тоа го бараме од нашите држави“, истакна Џоли.