Emre Aytekin
30 Април 2020•Ажурирај: 30 Април 2020
АНКАРА
Над 1 милион луѓе во светот, кај кои е детектиран новиот тип коронавирус (Ковид-19), се излекувани, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира информациите поврзани со пандемијата на Ковид-19 во светот, досега од оваа зараза се излекувани 1.005.079 лица.
Најголем број пациенти излекувани од оваа заразна болест има во САД - 147.411. Следуваат Шпанија со 132.929, Германија со 120.400, Кина со 77.610, Иран 73.791, Италија со 71.252 и Франција со 48.228 излекувани лица.
Во Северна Македонија од заразеност со новиот тип коронавирус се излекувани 627 лица, додека во Турција таа бројка изнесува 44.022.
Новиот тип коронавирус, што за првпат се појави во Кина, успеа за кусо време да се рашири во повеќе од 200 земји и региони, преминувајќи во пандемија. На светско ниво овој вирус е детектиран кај 3.221.029 луѓе, додека од последиците предизвикани од Ковид-19 починаа 228.252 заразени лица.