Davut Demircan
22 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
МАДРИД (AA) – Поранешниот претседател на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“, Лоренцо Санз, почина од последиците на заразувањето со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шпанските медиуми јавуваат дека 76-годишниот Санз бил хоспитализиран на Одделот за интензивна нега, каде што синоќа и починал.
Првиот човек на Реал Мадрид од периодот 1995-2000 година, Санз, претходно имал здравствени проблеми поради дијабетес и бубрежни болести.
Управата на Реал Мадрид ја потврди веста за смртта на Санз и упати порака со сочувство до неговото семејство и до целата фудбалска јавност.
За најголем успех на Санз во текот на водењето на Реал Мадрид се смета титулата шампион на Европа, која клубот ја освои во 1998 година. Таа титула во Мадрид ја чекаа 32 години.
Роберто Карлос, Кларенс Седорф, Давор Шукер, Предраг Мијатовиќ и Кристијан Панучи се некои од фудбалските ѕвезди што Санз кон крајот на 90-тите ги донесе во Реал.