Elif Küçük,Ayşe Nur Akçelik,Mücahit Türetken
29 Мај 2020•Ажурирај: 29 Мај 2020
АНКАРА
Денес во Турција беше извршено клањањето на петочната молитва (џума намаз), со што повторно започна извршувањето на заедничките молитви во џамиите кои беа запрени во рамките на мерките во борбата против ширењето на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Првиот џума намаз во истанбулската џамија „Фатих“ го предводеше претседателот на Управата за верски работи на Република Турција, Али Ербаш.
Поради повторното отворање на џамиите за заедничките молитви, денеска пред петочната молитва во централните џамии во Турција беа заклани 1.003 курбани, а месото ќе им биде поделено на луѓето кои имаат потреба.
Управата за верски работи на Турција претходно издаде препораки за однесување за време на престојот во џамиите, во согласност со мерките кои ги предвидува Министерството за здравство, а кои подразбираат носење на заштитна маска за лице, користење на сопствено сеџаде (простирка за клањање при молитва) и избегнување на физички контакт.