Burak Bir
30 Јули 2020•Ажурирај: 30 Јули 2020
КИЕВ
Бројот на заразени и починати од последиците на Ковид-19 се зголемува во земјите на Централна Азија и Евроазија, јавува Агенција Анадолија (АА).
- Казахстан
Во Казахстан се пријавени 1.472 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени изнесува 87.664, додека во последните 24 часа оздравеле 1.177 лица, а вкупниот број на оздравени изнесува 57.815.
Вкупно 793 пациенти починале од последиците на Ковид-19, а речиси 30.000 се наоѓаат на лекување.
- Украина
Украинскиот министер за здравство, Максим Степанов, изјави дека во последните 24 часа се пријавени 1.197 случаи на заразување со Ковид-19, при што вкупниот број изнесува 68.794.
Тој изјави дека 23 лица починале, со што вкупниот број на починати изнесува 1.673, додека 622 лица оздравеле и вкупниот број на оздравени пациенти изнесува 36.744.
- Узбекистан
Во Узбекистан се пријавени 498 нови случаи на заразување, при што вкупниот број на починати изнесува 22.872. Уште 3 лица починале, а вкупниот број на починати изнесува 132.
Со 269 новооздравени пациенти, вкупниот број на оздравени изнесува 12.937, а 9.800 пациенти се хоспитализирани.
- Ерменија
Бројот на заразени лица во Ерменија во последните 24 часа изнесува 259, вкупниот број изнесува 38.196.
Уште 5 пациенти починале во изминатото деноноќие, со што вкупниот број на починати изнесува 758, додека 28.366 лица досега оздравеле.
Ерменија досега има извршено најмалку 161.754 тестирања за присуство на Ковид-19.
- Грузија
Во изминатите 24 часа во Грузија се пријавени 5 нови случаи на заразување.
Вкупниот број на заразени во земјата изнесува 1.201, 17 пациенти починале, а 935 се оздравени.
- Свет
Досега во светот од последиците на Ковид-19 починаа 667.200 лица.
Во светот се пријавени 17,03 милиони случаи на заразување на Ковид-19, а бројот на оздравени надмина 9,61 милион, покажуваат податоците што ги објави американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.
САД, Бразил, Индија и Русија моментално се земји најмногу погодени од пандемијата на коронавирусот во светот.
Податоците покажуваат дека повеќе од половина од сите пациенти - над 9,96 милиони - низ целиот свет досега се оздравени.