Bilal Güler
27 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
АНКАРА (АА) - Претседателот на иранскиот Парламент, Али Лариџани, е излекуван од новиот вид коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на иранскиот Парламент, Еседула Абаси, во изјава за иранската официјална новинска агенција ИРНА нагласи дека повторениот тест за Ковид-19 на Лариџани бил негативен, и дека е излекуван од вирусот.
„Лариџани, почнувајќи од вчера, продолжува со извршување на неговата функција. Исто така, денеска и утре ќе биде во неговата канцеларија“, рече Абаси.
Инаку, на 2 април беше соопштено дека Лариџани е позитивен на Ковид-19. Тој потоа беше задржан во карантин и примаше терапија.
Заклучно со вчера, бројот на починати од Ковид-19 во Иран изнесува 5.710, додека бројот на случаи изнесува 90.481.