Sayed Khodaiberdi Sadat
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
КАБУЛ (АА) - Талибанските милитанти извршија напад врз полициска станица во Авганистан, при што смртно настрадаа четворица полицајци, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Гувернерството на Логар.
Во соопштението се нагласува дека милитантите извршиле напад врз полициската станица „Санг Мермер“ во подрачјето на Бараки Барак кое се наоѓа во авганистанската покраина Логар.
Според соопштението, како резултат на нападот животот го загубиле четворица полицајци.
Се нагласува дека во судирот кој се случил по нападот, убиени се 7 милитанти.