Betül Yürük
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 711 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 112.119 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според интернет страницата „Worldometer“, во САД во последните 24 часа се потврдени 22.836 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на случаи во земјата се зголеми на 1.990.109.
Од Ковид-19 во САД починаа уште 711 лица со што вкупната бројка на починати се искачи на 112.119.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Бразил со над 676.000 откриени случаи, Русија со над 467.000 откриени случаи, и Шпанија со 288.390 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Калифорнија.
Во Њујорк откриени се 397.810 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 30.401 лице.
Во САД досега се извршени 20 милиони 831 илјади тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 752.000.