Mücahit Oktay
09 Јуни 2021•Ажурирај: 10 Јуни 2021
ЊУЈОРК (АА) - Околу три четвртини од регионот се соочуваат со најтешката суша во историјата во моменти кога температурите во западните сојузни држави на Соединетите Американски Држави (САД) се над нормалните, јавува Агенција Анадолија (АА).
Веб-страница „Монитор“ објави дека сушата на западниот брег на САД пролетва е потешка отколку пред една година, со временски услови што ова лето ќе го зголемат ризикот од пожар и недостиг на вода.
На страницата е наведeно дека некои делови на западните држави како Калифорнија, Невада и Вашингтон минатата недела доживеале многу високи температури, над 38 Целзиусови степени.
Три четвртини од западните држави се борат со една од најтешките суши во историјата на САД.
Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, истакна дека им е потребен рекорден буџет од две милијарди долари за борба против пожарите и проширување на флотата на авиони за гаснење пожари.