Muhammed Ali Toruntay
07 Јуни 2020•Ажурирај: 08 Јуни 2020
АНКАРА
Турските сили неутрализираа четворица терористи на терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
„Преку воздушна операција неутрализирани се четворица терористи на ПКК кои со средства за извидување и набљудување беа откриени во подрачјето на Авашин кое се наоѓа во северниот дел на Ирак“, се вели во ова соопштение.
Според соопштението, операциите ќе продолжат се до неутрализирање на последниот терорист.