Islam Doğru
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 2.637 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 61.005 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19, и се епицентарот на оваа пандемија.
Според последните податоци објавени од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во последните 24 часа со Ковид-19 заразени се уште 27.440 лица, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 1 милион 40 илјади и 608.
Во последните 24 часа починале уште 2.637 лицa, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 61.005 лица.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 239.639 откриени случаи, Италија со 203.591 откриен случаj и Франција со 166.628 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус, по кој следуваат Њу Џерси и Масачусетс. Во Њујорк откриени се 299.691 случаj со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 23.477 лица.
Во САД досега се извршени 6 милиони 26 илјади и 170 тестирања за Ковид-19, додека бројката на излекувани лица од оваа болест се искачи на 124.023.