Beyza Binnur Dönmez
30 Април 2020•Ажурирај: 01 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп тврди дека Шведска плаќа скапа цена поради тоа што, за разлика од многу држви, не вовела рестриктивни мерки за забрана и карантин во рамките на борбата против пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„До денес таму починаа 2.462 лица, што е многу повеќе отколку во соседните земји Норвешка (207), Финска (206), или Данска (443)", напиша Трамп на социјалната мрежа Твитер.
Трамп во продолжение на пораката наведе дека САД донеле исправна одлука во контекст на борбата против ширењето на коронавирусот.
САД со пандемијата Ковид-19 е најтешко погодена земја на светот со повеќе од 1,04 милиони заразени лица и повеќе од 61.000 починати.
Трамп критиката на сметка на официјален Стокхолм упати само ден откако раководството на Светската здравствена организација (СЗО) го пофали шведскиот модел во борбата против пандемијата и исткна дека другите земји би можеле многу нешта да научат од таа скандинавска земја.
Извршниот директор на здравствената програма за вонредни ситуации Мајк Рајан вчера рече дека Шведска применила строги мерки за обврзувачка дистанца меѓу луѓето.
„Она по што Шведска поинаку постапи од другите е тоа што многу повеќе се ослони на соработката со сопствените граѓани и нивното доброволно согласување на почитување на мерките на превенција", рече Рајан и додаде дека тоа е јавна политика засновна на партнерство со населението.
Шведска има популација од 10,2 милони луѓе, а од почетокот на пандемијата во ова земја со коронавирусот се заразени 21.092 лица, а починаа 2.586.