Islam Doğru
19 Мај 2020•Ажурирај: 20 Мај 2020
ЊУЈОРК
Во последните 24 часа во САД се забележани 1.068 смртни случаи од последици на Ковид-19, со што вкупниот број на починати се зголеми на 92.064, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на интернет страницата „Worldometer“ која ја прикажува моменталната епидемиолошка состојба во светот, во САД во последните 24 часа се заразени 22.996 лица.
Бројот на заразените со Ковид-19 е зголемен на 1.552.140, а излекувани се речиси 359.000 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Жариштето на Ковид-19 во САД е Сојузната држава Њујорк, каде се заразени 361.266 лица, а починаа 28.480. По бројот на заразените следуваат државите Њу Џерси (150.087) и Илиноис (96.485).
Во САД од почетокот на пандемијата се тестирани речиси 12.330.000 примероци.
САД, со најмногу случаи на заразување сѐ уште се наоѓа на врвот на листата на земји погодени со пандемијата.
Следуваат Русија (299.941), Шпанија (278.188) и Бразил (257.396).