Enes Kaplan
11 Ноември 2019•Ажурирај: 12 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по покана на американскиот претседател Доналд Трамп утре ќе ги посети Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Одделот за комуникација при турското Претседателство, на покана на Трамп, Ердоган на 12 и 13 ноември ќе реализира работна посета на САД, во чии рамки ќе се состане со неговиот американски колега, а ќе се одржи и меѓуделегациска средба.
За време на овие средби ќе се дискутира за сите аспекти на билетералните односи меѓу Турција и САД.
Во рамки на средбата ќе се разговара за регионални и глобални прашања, пред сѐ за Сирија, и ќе се дискутира за преземање конкретни мерки во насока на зајакнување на соработката, солидарноста и координацијата во борбата против секаков вид на тероризам.
Исто така, во овие рамки Ердоган ќе има свое обраќање пред бизнисмените на состанокот кој ќе се одржи под покровителство на Трговската комора на САД.
Ердоган ќе го посети и „Центарот Дијанет“, кој се наоѓа во сојузната држава Мериленд, каде што се планира да се сретне со Турците во САД, како и со претставниците на муслиманската заедница.