Betül Yürük
18 Април 2020•Ажурирај: 19 Април 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 3.800 лицa од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 37.086 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во САД се наоѓаат на врвот на листата на земји во светот што се најмногу погодени од Ковид-19.
Според последните податоци објавени од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во последните 24 часа со Ковид-19 заразени се уште 35.354 лица, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 706.779.
Во последните 24 часа починале уште 3.800 лицa, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 37.086 лица.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 191.726 откриени случаи, Италија со 172.434 откриени случаи и Франција со 149.132 откриени случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк со над 220.000 случаи и со околу 15.000 починати се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус.
Што се однесува до американските сојузни државни што се најмногу погодени од Ковид-19, по Њујорк следуваат Њу Џерси и Масачусетс.
Во САД досега се извршени 3 милиони 574 илјади и 392 тестирања за Ковид-19, додека 59.672 лица се излекувани од оваа болест. Моментално 112.260 лица се лекуваат во болници.