Mehmet Alaca
03 Декември 2021•Ажурирај: 03 Декември 2021
МАНИЛА (АА) - Претставници на Светската здравствена организација (СЗО) истакнаа дека мерките за затворање на границите усвоени од некои земји во регионот на Пацификот може да заштедат време во борбата против варијантата Омикрон на Ковид-19, но искуството стекнато во варијантата Делта ќе биде водич во борбата против оваа варијанта, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Регионалниот директор на СЗО за Западен Пацифик, д-р Такеши Касаи, на онлајн одржаната прес-конференција на 26 ноември, истакнувајќи дека некои земји во регионот се соочуваат со тешки бранови на вирусот, рече дека во многу други земји бројот на заразени и на смртни случаи од Ковид-19 се намалени или останале стабилни.
Нагласувајќи дека варијантата Омикрон е опишана како загрижувачка, Касаи нагласи: „Контролата на границите може да го одложи влегувањето на вирусот во земјата и да заштеди време. Сепак, секоја земја и заедница треба да бидат подготвени за нов раст на случаи.“
Тој, исто така, додаде дека се неопходни повеќе тестови и набљудувања бидејќи новата варијанта може да биде позаразна.
- Бројките најверојатно ќе се зголемат -
Д-р Бабатунде Оловокуре, регионалниот директор за итни случаи на СЗО, рече дека случаите на варијантата Омикрон се забележани во Австралија, Хонгконг, Јапонија и Јужна Кореја, и дека бројките веројатно ќе се зголемат.
Истакнувајќи дека во последните 24 часа се пријавени и првите случаи на Омикрон во Индија, Сингапур и Малезија, Оловокуре нагласи дека искуството стекнато со варијантата Делта ќе биде водич во борбата против Омикрон.
Регионот на Западен Пацифик на СЗО опфаќа 37 земји и територии, од Палау до Монголија.