Saadet Firdevs Aparı
03 Декември 2021•Ажурирај: 05 Декември 2021
ЕЛ САЛВАДОР
Во авионската несреќа во која воен авион на Ел Салвадор се урна во водите на Пацификот, животот го загубија три лица, меѓу кои и синот на министерот за одбрана на оваа земја, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението што го објавија Вооружените сили на Ел Салвадор се наведува дека воениот авион од сѐ уште непознати причина се урнал на 3 наутички милји од брегот на Пацификот.
Во продолжение е објавен податокот дека во несреќата животот го загубиле трите лица кои се наоѓале во авионот.
Спасувачките екипи ги пронашле телата на загинатите, а во соопштението се наведува дека еден од загинатите е Херардо Мерино, син на министерот за одбрана на Ел Салвадор, Франсис Рене Мерино Монрој.
Авионот што се урнал бил на должност во крајбрежниот регион.
Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеле, испрати порака со сочувство до министерот за одбрана, Монрој.