Emel Gözellik
16 Февруари 2021•Ажурирај: 17 Февруари 2021
ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) одобри итна употреба на вакцината против Ковид-19, што ја развија „Оксфорд“ и „АстраЗенека“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, на прес-конференција изјави дека е обезбедено сè што е потребно за брза дистрибуција на вакцините, но дека сепак е потребно зголемување на производството.
Гебрејсус истакна дека е одобрена итна употреба на вакцината на „АстраЗенека“ и напомена дека вакцините се произведени во „АстраЗенека/СКБио“ во Јужна Кореја и Институтот за серум во Индија.
Заменичката на генералниот директор на СЗО, д-р Мариангела Симао, изјави дека земјите што немале пристап до вакцините конечно ќе можат да започнат да ги вакцинираат здравствените работници и ризичните групи.
Вакцината на „АстраЗенека“ доби одобрување во повеќе од 50 земји, меѓу кои се Велика Британија, Индија, Аргентина и Мексико.