Hamdi Yıldız
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ЈЕМЕН (АА) – Светската здравствена организација (СЗО) во писмено соопштение истакна дека здравствениот систем во Јемен продолжува да страда од недоволен број на кадар, слабост и ранливост, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се нагласува дека медицинската опрема потребна за борба против коронавирусот во земјата е недоволна.
„По објавувањето на пандемијата, организацијата ги предупреди локалните власти дека има можност 50 проценти од населението во Јемен, кој има околу 16 милиони жители, да биде зафатено со вирусот“, се вели во соопштението на СЗО.
Во него се додава и дека организацијата ќе продолжи да ги поддржува сите партнери што работат на полето на здравството и националните здравствени установи.
Според најновите официјални податоци во Јемен, досега евидентирани се 10 случаи со Ковид-19, двајца од нив починале, додека еден се излекувал.