Ömer Faruk Yıldız
03 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
КУАЛА ЛУМПУР (АА) – На границата меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја отворен е меѓусебен оган, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералштабот на Јужна Кореја се истакнува дека во 07:41 часот по локално време од страна на Северна Кореја е отворен оган врз граничната воена станица на Јужна Кореја.
Се наведува дека јужнокорејските војници по кратко време, со два истрела ѝ возвратиле на Северна Кореја. Истакнато е дека во инцидентот нема загинати и повредени.
Воените власти соопштија дека не знаат од која причина Северна Кореја отворила оган врз Јужна Кореја, и дека ќе ги испитаат причините за инцидентот.