Muhammed Bilal Kenasari
30 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
ВАШИНГТОН (АА) – Пентагон во вчера објави предупредување, поради безбедносни причини, семејствата на американскиот персонал да ги напуштат Адана, Измир и Мугла, вклучувајќи ја и базата Инџирлик, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Стејт Департментот, Џон Кирби, на дневниот брифинг рече дека предупредувањата не се поврзани со одредена терористичка закана.
“Предупредувањето не е издадено како резултат на закана од одредена група кон одредени установи или подрачје”, рече Кирби.
Додаде дека предупредувањето е издадено по одредени анализи кои се направени изминатите недели во врска со безбедносната состојба во Турција.
Кирби истакна дека во соработка со други институциии донеле одлука да издадат предупредување.
“Оваа одлука е донесена со цел луѓето кои се наоѓаат таму да бидат внимателни и на најдобар начин да бидат обезбедени”, рече Кирби.
На крајот истакна дека донесувањето на ваквата одлука се разгледувало со недели.