БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема голем број животи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.403 лица во Бразил, 230 во Мексико, 434 во Аргентина, 490 во Колумбија, 219 во Перу, 172 во Чиле, 43 во Еквадор, 87 во Боливија, 98 во Парагвај, 42 во Хондурас и 53 во Уругвај.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во оваа земја починале 2.403 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 444.094.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 82.039, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 15.894.094.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 14.385.962 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 230 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 2.628 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 221.080 смртни случаи, бројката на заболени изнесува 2.390.140, а досега оздравеа 1.909.187 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е трета земја во светот, по САД и Бразил, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 434 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 72.699. Во истиот период детектирани се 35.884 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 3.447.044.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.035.134 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 11. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 490 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 83.233.
Во последното деноноќие детектирани се 16.086 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.177.212. Во оваа земја досега оздравеа 2.979.233 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 219 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.724 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.910.360, од кои починаа 67.253 лица, а оздравеа над 1.852.686 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 172 лица од последиците предизвикани од коронавирусот Ковид-19, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 28.169.
Во истиот период регистрирани се нови 7.680 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.308.311, а оздравеа вкупно 1.241.426 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 43 смртни случаи, вкупно 20.022 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 2.348 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 415.255.
Досега во Еквадор оздравеа 354.499 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 87 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.858.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 343.065, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 13.780. Досега оздравеа 277.711 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 98 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 3.031 лице позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 324.063, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 8.012.
Досега оздравеа 268.336 лица позитивни на коронавирусот.
- Хондурас
Според вестите објавени во медиумите во Хондурас, во последните 24 часа во оваа земја од последиците на заразувањето со коронавирусот животот го загубија 42 лица, додека Ковид-19 е детектиран кај 1.100 лица.
Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Хондурас изнесува 230.311, додека од почетокот на пандемијата досега, во оваа земја од последиците на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 6.093 лица, а оздравеа 83.393 лица кај кои претходно е детектиран коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 53 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, со што вкупната бројка на смртни случаи достигна 3.691.
Во истиот период детектирани се 4.581 лице позитивни на Ковид-19, вкупно 253.941 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 219.277 лица заразени со Ковид-19.