Esat Fırat,Mustafa Deveci
21 Мај 2021•Ажурирај: 21 Мај 2021
АЛ-КУДС (АА) - Израелската полиција изврши напад со пластична муниција и со шок бомби врз верниците по извршувањето на петочната мотива (џума намаз) во комплексот на џамијата Ал-Акса во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
По џума намазот, илјадници Палестинци во комплексот Ал-Акса го прославуваа примирјето во Газа кое синоќа Израел го склучи со Хамас.
Насобраните потоа сакаа со мирна прошетка да отидат кон Стариот град Ал-Кудс, но израелската полиција со примена на сила се обиде да ги растера насобраните луѓе и ги нападна со гумена муниција и шок бомби.
Сè уште нема информации за настрадани или повредени во нападот.