БОГОТА (АА) - Во земјите на Латинска Америка има висока смртност предизвикана од новиот тип коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени од Министерството за здравство на Бразил, во последното деноноќие во Бразил починале 559 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на лица што починаа од коронавирусот се зголеми на 224.504. Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 27.756, зголемувајќи го вкупниот број позитивни на коронавирусот на 9.204.731.
По Соединетите Американски Држави (САД) и Индија, Бразил е трета земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот, а е на второ место според бројот на починати. Во оваа земја досега оздравеа 8.027.042 лица што претходно биле позитивни на Ковид-19.
- Мексико -
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 462 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 7.030 новозаразени.
Во Мексико досега се регистрирани 158.536 смртни случаи, а вкупниот број лица позитивни на коронавирусот изнесува 1.864.260. Во оваа земја досега оздравеа 1.412.393 лица заболени од Ковид-19.
Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 13. место според бројот на лица позитивни на коронавирусот, а на трето место според бројот на починати на листата што ја објавува интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина -
Министерството за здравство на Аргентина информираше дека во последното деноноќие починале 43 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се зголеми на 47.974. Во истиот период детектирани се 4.975 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.927.239.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 1.721.650 лица заразени со коронавирусот.
Иако Аргентина спроведе многу долг карантин како превенција од ширењето на коронавирусот, сепак оваа земја според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 12. место во светот.
- Колумбија -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 333 лица, зголемувајќи го вкупниот број смртни случаи на 53.983.
Во последните 24 часа детектирани се 8.078 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени со вирусот на 2.094.884. Во оваа земја досега оздравеа 1.938.322 лица заболени од Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу -
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 169 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 2.974 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број на заразени се искачи на 1.138.239, од кои починаа 41.026 лица, а оздравеа над 1.052.050 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
- Чиле -
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 113 лица од последици предизвикани од коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја на 18.452.
Во истиот период регистрирани се нови 4.209 случаи на заразеност со Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на коронавирусот на 727.109, а оздравеа вкупно 681.981 лице претходно заразени со коронавирусот.
- Боливија -
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 49 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 1.438.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 216.835, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.379. Досега оздравеа 159.222 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала -
Според податоците што ги објавија медиумите во Гватемала, во изминатите 24 часа регистрирани се 25 смртни случаи предизвикани од Ковид-19, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 5.643. Во истиот период детектирани се 386 новозаразени, вкупно 159.504 од почетокот на вирусот.
Досега во оваа земја оздравеа 144.595 лица кои претходно беа позитивни на коронавирусот.
news_share_descriptionsubscription_contact
