Muhammet Nazım Taşcı,Nazlı Yüzbaşıoğlu
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
АНКАРА
Со новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во светот се заразени 21,61 милиони луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците достапни на „Worldometeru", интернет страницата на која се достапни информациите за епидемиолошката ситуација во светот, покажуваат дека од последиците на заразувањето починале 769.006 лица.
Заразени се 21.617.987 лица, додека 14.334.222 се опоравија.
Моментално се активни 6.514.759 лица.
Највеќе заразени и починати од Ковид-19 има во САД, каде овој вирус е потврден кај 5.529.789 лица, додека од последиците на заразувањето починале 172.606.
Покај САД, земји со повеќе од 100.000 заразени се Бразил (3.317.832), Индија (2.590.501), Русија (917.884), Јужноафриканска Република (583.653), Перу (525.803), Мексико (517.714), Колумбија (456.689), Чиле (383.902), Шпанија (358.843), Иран (341.070), Велика Британија (317.379), Саудиска Арабија (297.315), Аргентина (289.100), Пакистан (288.717), Бангладеш (274.525), Италија (253.438), Турција (248.117), Германија (224.478), Франција (215.521), Ирак (172.583), Филипини (157.918), Индонезија (137.468), Канада (121.889), Катар (114.809), Казахстан (102.696) и Еквадор (100.688).
Земји со повеќе од 5.000 починати, покрај САД се Бразил (107.297), Мексико (56.543), Индија (50.099), Велика Британија (41.361), Италија (35.392), Франција (30.409), Шпанија (28.617), Перу (26.075), Иран (19.492), Русија (15.617), Колумбија (14.810), Јужноафриканската Република (11.677), Чиле (10.395), Белгија (9.935), Германија (9.290), Канада (9.024), Холандија (6.169), Пакистан (6.168), Еквадор (6.071), Индонезија (6.065), Турција (5.955), Ирак (5.785), Шведска (5.783), Аргентина (5.637) и Египет (5.141).