20 Август 2020•Ажурирај: 22 Август 2020
АНКАРА
Од почетокот на пандемијата на коронавирусот (Ковид-19) во светот се заразени 22.602.098 лица, а оздравеа 15.319.076 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, по што Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Интернет-страницата „Worldometer" објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот од последиците на коронавирусот починаа 791.401 лице.
Во светот моментално има 6.491.621 активен случај на заразување со Ковид-19, од кои 61.700 се потешко заболени.
Од пандемијата најтешко се погодени Соединетите Американски Држави (САД), со 5.701.162 заразени лица и 176.342 починати. Следуваат Бразил со 3.460.413 заразени и 111.189 починати. Во Индија се заразени 2.841.337 луѓе, а починале 54.017 заболени.