Nuri Aydın,Mehmet Şah Yılmaz
04 Септември 2020•Ажурирај: 05 Септември 2020
АНКАРА
Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во светот, заразување со Ковид-19 е потврдено кај 26.475.568 лица, а оздравени се 18.665.737 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Порталот „Worldometer“ објавува ажуриран преглед на глобалната епидемиолошка слика од почетокот на пандемијата на Ковид-19, а според последните податоци, во светот од последиците на заразување со Ковид-19 починаа 873.285 лица.
Во светот моментално активно заразени се 6.936.546 лица, од кои 60.785 се потешко заболени.
Со пандемијата на Ковид-19 најтешко погодени се САД со 6.335.244 заразени лица и 191.058 починати.
Следува Бразил со 4.046.150 заразени и 124.729 починати. Во Индија се заразени 3.936.747 лица, а починаа 68.569.