Emre Aytekin
09 Септември 2020•Ажурирај: 10 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) до почетокот на септември вирусот Ковид-19 е потврден кај повеќе од 500.000 деца, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во веста објавена на порталот „The Hill“ се наведува дека Американската академија на педијатри и Здружението на детски болници направиле извештај во кој се наведува дека од 20 август до 3 септември заразувањето со Ковид-19 е потврдено кај околу 70.000 деца и дека дошло до зголемување од 16 отсто во однос на претходните две недели.
Во извештајот се наведува дека до 3 септември потврдени се 513.415 случаи на Ковид-19 кај децата.
Воедно, наведено е дека децата сочинуваат помалку од 10 отсто од вкупниот број заразени, а од последици предизвикани на вирусот починале 1.003 деца.
Во 18 од 52 сојузни држави не е регистриран смртен случај кај децата поврзан со Ковид-19.
Исто така, видливо е дека во податоците кои ги доставија сојузните држави, доаѓа до разлика во категоризацијата на возраста на децата, па така во одредени сојузни држави се сметаат лицата помлади од 18 години, додека во другите, тоа се лица до 14 години.
Во САД се потврдени 6.514.376 случаи на Ковид-19, а од последиците на болеста починаа 194.034 лица.