Handan Kazancı
30 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Советничката на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за ултраортодоксни работи, Ривка Палух, е позитивна на тестот за новиот тип коронавирус, објавија денеска локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Палух, наводно, ги поминала последните неколку дена во близина на Нетанјаху, членовите на Кнесетот и другите советници, објави „Ерусалим пост“ (The Jerusalem Post).
Израелскиот „Канал 12“ објави дека Нетанјаху ќе постапи според упатствата на Министерството за здравство.
Тестот на Палух бил позитивен неколку часа по хоспитализирањето на нејзиниот сопруг поради вирусот.
Бројот на смртни случаи во Израел од коронавирусот изнесува 15, додека бројот на потврдени случаи надмина 4.000, а 132 се излекувани.
Како дел од мерките за спречување на вирусот, сите училишта во земјата се затворени, забранети се сите јавни собири на отворени или затворени места со над 10 лица.
Сите трговски фирми, освен супермаркетите, аптеките, бензинските пумпи и банките се затворени од 15 март.
Откако првпат се појави во кинескиот град Вухан во декември, вирусот се прошири во 177 земји и региони.
„Заклучно со синоќа, најмалку 2.460 луѓе починаа во САД, а бројот на заразени се искачи на 140.886, со околу 2.661 излекуван пациент“, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.