Safvan Allahverdi
30 Март 2020•Ажурирај: 30 Март 2020
ВАШИНГТОН (АА) - Во рамки на борбата против пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Соединетите Американски Држави (САД), во Њујорк слета авион со медицински материјали од Кина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на американските медиуми, со овој авион во САД биле донесени 130.000 маски од типот Н95 (N95), 1,8 милион маски за операции, 70.000 термометри и над 10 милиони медицински ракавици.
Во соопштението на Белата куќа се наведува дека заради борбата против оваа пандемија извршена е јавна и приватна соработка меѓу двете земји, и дека авионот кој слетал во Њујорк е првиот авион од вкупните 20 кои се очекуваат до пристигнат во рамки на договорот.
Се нагласува дека во нормални околности ваквото карго доаѓа преку поморски пат и пристигнува за 20 до 40 дена, но дека сега, поради сериозноста на пандемијата, овие материјали ќе се носат со авион и во САД ќе пристигнат за 2-3 дена.
Медицинските материјали ќе бидат поделени во болниците, клиниките и старечките домови во американските сојузни држави Њујорк, Њу Џерси и Конектикат, кои станаа епицентар на пандемијата во САД.
„Оваа соработка е извршена со цел подобро опремување на нашиот здравствен персонал кој води борба во првите редови, и за подобра услуга на американскиот народ“, се додава во соопштението.
Од друга страна, увезувањето на медицински материјали од Кина, и покрај тоа што американскиот претседател Доналд Трамп за Ковид-19 често го користи изразот „кинески вирус“, предизвика реакции во американската јавност.