Sena Güler,Cansu Dikme
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
ВАН (АА) - Турски лекар, кој беше лекуван за Ковид-19 по покажаниот позитивен тест на новиот вирус, откако се излекува се врати на својата должност, јавува Агенција Анадолија (АА).
На Уфук Чобаноглу, шефот на Одделот за торакална хирургија во Медицинскиот центар при Универзитетот „Јузунку Јил“ во Ван, источна Турција, му беше дијагностициран вирусот пред околу еден месец, според соопштението на Универзитетот.
Тој е лекуван во болницата во којашто работи, а потоа се врати на работа.
„Во овој процес, мислата дека [излекувањето] ќе им даде морал и сила на нашите граѓани, и на нашите здравствени работници, како и силното верување дека не треба да ѝ подлегнам на болеста, придонесе во голем обем за моето закрепнување“, рече Чобаноглу.
Тој им се заблагодари на сите што помогнаа во неговото оздравување и кои го поддржуваа, вклучувајќи ги неговите колеги, гувернерот на Ван, Мехмет Емин Билмез, како и ректорот на Универзитетот, Хамдула Шевли.
Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Турција достигна 2.805, со 110.130 потврдени случаи, според последните податоци на Министерството за здравство.