Fırat Taşdemir
02 Септември 2021•Ажурирај: 03 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Во Турција бројот на аплицирани дози вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19) надмина 95 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата е потврдена преку интернет-страницата „covid19asi.saglik.gov.tr“ на турското Министерство за здравство, на која се објавуваат информации за моменталната ситуација во однос на процесот на вакцинирање.
Според тоа, заклучно со 2 септември, во 9:50 часот по локално време, вакцинирани се 48.616.804 лица со прва доза вакцина и 37.427.546 лица со втора доза вакцина.
„Заедно со другите дози, вкупниот број на аплицирани дози вакцини се искачи на 95.011.116“, се наведува на оваа веб-страница.