Tanju Özkaya
16 Мај 2020•Ажурирај: 17 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 108.137, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 42.236 тестирања за Ковид-19, од кои 1.610 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 41 лице како последица на оваа пандемија, додека се излекувани се уште 2.004 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 1.589.625 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 148.067 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.096 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 906 лица, додека вкупно се излекувани 108.137 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Тие денови кога останавме дома имаат многу голема улога во борбата против ширењето на коронавирусот. Да останеме дома“, напиша Коџа.