Mehmet Tosun
16 Јули 2020•Ажурирај: 17 Јули 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 198.820, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 42.411 тестирања за Ковид-19, од кои 933 лица се позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 21 лице како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.087 пациенти.
Во Турција се извршени вкупно 4.149.909 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 216.873 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 5.440 лица.
На интензивна нега се наоѓа 1.213 лицa, 394 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 198.820 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Бројот на извршени тестирања се менува според потреба. Мерките се тие коишто го определуваат резултатот“, напиша Коџа.