АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 2.965 лица, пренесува Агенцина Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 33.170 тестирања за Ковид-19, од кои 5.138 лица се позитивни на овој вирус.
Според тоа, во последните 24 часа починаа уште 95 лица како последица на оваа пандемија, додека уште 542 лица се излекувани и отпуштени од болница.
Во Турција извршени се вкупно 340.380 тестирања, откриени се вкупно 52.167 случаи, додека починаа вкупно 1.101 лице поради Ковид-19.
Се нагласува дека 1.626 лица се наоѓаат на интензивна нега, бројот на интубирани пациенти изнесува 1.021, додека вкупно излекувани се 2.965 лица.
„Турција покажува сериозен успех во лекувањата“, напиша на Твитер Фахретин Коџа, министер за здравство на Турција.